24 август 2026
• од Темелко Тошев
Досега во земјава се регистрирани вкупно 44 случаи на западнонилска треска, од кои 43 пациенти се задржани на болничко лекување. Кај најголемиот дел од хоспитализираните е утврдена невроинвазивна форма на болеста, информираше денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.
Со цел директно да се запознае со состојбата, министерот оствари работна посета на Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје. Тој се сретна со медицинскиот персонал кој е активно вклучен во третманот на пациентите и потенцираше дека системот има целосен капацитет да одговори на ситуацијата.
„Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета направив увид во капацитетите со кои располагаат установите од аспект на можности за хоспитализација, кадровска опременост, како и достапноста на лабораториски реагенси за испитување“, истакна Клековски.
Според официјалната статистика на Министерството за здравство, од почетокот на епидемијата досега, 21 пациент се успешно лекувани и отпуштени на домашно закрепнување. Во текот на денот се очекува испис на уште четворица пациенти. За жал, како последица на вирусот досега се регистрирани пет смртни случаи.
Министерот упати и сериозен апел до граѓаните за поголема внимателност. Доколку граѓаните забележат карактеристични симптоми како што се висока телесна температура, вкочанетост на вратот, дезориентација, општа слабост или грчеви, се препорачува веднаш да се јават кај својот матичен лекар за навремена дијагноза и третман.
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

