26 мај 2026
• од Темелко Тошев
Македонската јавност остана во неверување и длабока тага по тешката сообраќајна несреќа која згасна четири животи. Меѓу загинатите се истакнатиот оперски пејач Ристе Велков, неговиот 20-годишен син Адам, како и уште две 20-годишни момчиња.
Скршена од болка по незамисливата трагедија, на социјалните мрежи се огласи сопругата на Ристе и мајка на Адам, Христина Велкова. Нејзините проштални зборови, исполнети со неизмерна љубов и неопислива тага, расплакаа многумина.
Простувајќи се од својот син Адам, таа напиша:
„Ах, Адам мој! Прва радост моја! Душава ми ја изгоре, срцето ми го распарчи! Си замина без поздрав, без да те прегрнам и помирисам за последен пат. Ме научи многу работи, но не ме научи како да живеам без тебе, без твојата најубава насмевка, без твојот глас. Збогум чедо мајкино, не си сам, со тебе се тато, Петар и Марко. Ќе биде многу тешко без тебе. Збогум најмил мој!“
Христина упати и последен, срцепарателен поздрав до својот сопруг Ристе. Таа го опиша нивното последно испраќање како филмска, но сурова сцена во која и самата природа сочувствувала со нивната болка. Низ солзи, ужалената мајка и сопруга даде силно ветување дека ќе собере сила за нивната малечка ќерка Марија.
„Збогум љубов моја! Збогум кралу мој! Збогум мој NABUCCO! Денешното испраќање до твоето вечно почивалиште беше токму како сцена од „Nabucco” – силна грмотевица и гром го погоди мојот Набуко, но овој пат засекогаш. Денеска и небото плачеше со нас за тебе и за нашиот принц Адам. Чувај го таму горе како што го чуваше овде на земјата, а јас ти ветувам дека душата ќе ја дадам за да ја пораснам и изведам на прав пат нашата малечка Марија. ЗБОГУМ ЉУБОВ МОЈА.“
Оваа огромна трагедија засекогаш ќе остави длабока лузна, не само во нивното семејство, туку и во целата јавност која искрено сочувствува со нивната болка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

