26 мај 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон својот наследник Сотир Лукровски, обвинувајќи го за злоупотреба на боледувањето и неодговорно однесување кон функцијата.
Според информациите кои ги изнесе Јакимовски, Лукровски веќе 20-тина дена официјално се води на боледување. Меѓутоа, лидерот на ГРОМ тврди дека во истиот тој период, додека отсуствувал од општинската зграда, тој редовно бил забележуван како шета низ трговскиот центар „Сити Мол“ и пазари во околните маркети.
„Трговскиот центар се наоѓа на само 300 метри од неговото работно место во општината. Очигледно е дека тој е болен да дојде на работа, но не е болен кога треба да оди на шопинг,“ истакна Јакимовски пред новинарите, иронизирајќи ја ситуацијата.
Поради официјалното отсуство, Лукровски претходно ги пренесе своите градоначалнички овластувања на заменикот-градоначалник, Неделчо Крстевски, кој во моментов раководи со тековните работи во општината.
На крајот од своето обраќање, Јакимовски потенцираше дека ваквото однесување е недозволиво и дека цехот за оваа ситуација го плаќаат исклучиво граѓаните на Карпош. Тој побара итна одговорност за, како што рече, игнорантскиот однос кон проблемите на карпошани кои очекуваат посветена работа, а не шетање по трговски центри во текот на работното време.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

