18 април 2026
• од Темелко Тошев
Додека јавноста е фокусирана на секојдневните политички препукувања, Владата предводена од Христијан Мицкоски подготвува терен за целосно суспендирање на приватната сопственост. Политичката партија Левица преку соопштение до јавноста упати сериозно предупредување: Се подготвува законски грабеж на имотите на граѓаните!
Од Левица алармираат дека во Собранието, по скратена постапка, веќе се пристигнати два предлог-закони кои значат капитулација пред крупниот капитал:
Според партијата, целта на овие измени е јасна – овозможување на приватните концесионери да добиваат дозволи за експлоатација дури и кога немаат решени имотно-правни односи! Тоа значи дека државата им дава „одврзани раце“ на компаниите да газат врз имотот на народот без никакво ограничување.
Најскандалозниот дел од соопштението на Левица се однесува на моќта што ја добиваат контроверзните странски конзорциуми.
„Со усвојување на вакви закони ќе се овозможи на фирми како ’Бехтел и Енка’ да можат, без никакви законски препреки, да ви направат каменолом во вашиот двор. Само ако посакаат!“ – децидни се од Левица.
Од партијата посочуваат дека со ова директно се занемаруваат законите за:
Левица не штедеше зборови ниту за одговорноста на владејачката партија. Тие обвинуваат дека Владата на ДПМНЕ, наместо да ги штити Уставот и законите, се претворила во беден извршител на волјата на приватните инвеститори.
„Владата наместо да работи во интерес на народот, изигрува адвокат на ѓаволот. Ова е политичка селекција на концесиите и директен атак врз ресурсите кои му припаѓаат на народот.“
Завршниот став на Левица е јасен и бескомпромисен – партијата останува единствената барикада против безмилосното уништување на природата и имотот на граѓаните во име на профитот.
„Левица стои на страна на граѓаните и нема да дозволиме понатаму да продолжи ова безмилосно и безумно уништување! Овие закони не смее да се дозволи да стапат во сила!“ – се вели во партиското соопштение.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

