04 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Бугарските државни железници (БДЖ) во градот Карлово го претставија својот најнов електричен локомотив, кој го носи името на бугарскиот револуционер Васил Левски.
Локомотивот е од серијата „Смартрон“ и е последниот испорачан во рамки на договорот со компанијата „Сименс Трон“ за производство, испорака и гаранциско одржување на десет електрични локомотиви. Со ова, вкупниот број локомотиви од оваа серија што ги користи националниот железнички превозник достигнува 25.
Иницијативата новите десет локомотиви да бидат именувани по бугарски преродбеници продолжува по примерот на првите петнаесет локомотиви кои веќе се во употреба и ги носат имињата на бугарски владетели.
На официјалното претставување на локомотивот присуствуваа извршниот директор на холдингот Мартин Ангелов и градоначалникот на Карлово, Емил Кабаиванов.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

