14 ноември 2025
• од Вардарски
На Националната арена „Тодор Проески“ владее невообичаена тишина. Иако влезот за пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Летонија беше целосно бесплатен, трибините останаа речиси празни. По првото полувреме немаше голови, но уште повпечатливо беше тоа што немаше ниту публика која би им дала поддршка на репрезентативците пред важниот меч со Велс.
За разлика од квалификацискиот дуел со Казахстан, кога истата арена беше исполнета до последното место и атмосферата наликуваше на вистински фудбалски спектакл, денешниот натпревар донесе сосема спротивна слика. На трибините се собраа едвај две до три илјади фанови – бројка која е изненадувачки мала, особено ако се земе предвид дека Македонија веќе има обезбедено пласман во баражот за Светското првенство 2026.
На арената владееше речиси „театарска“ атмосфера. Се слушаше само по некоја воздишка или аплауз кога нашата селекција ќе создадеше шанса, но без вистинската еуфорија и енергија која обично ја носат македонските навивачи.
Македонија веќе го има обезбедено местото во баражот, а исходот од претстојниот дуел со Велс ќе покаже дали на нашиот национален тим ќе му следи посилен или полесен ривал на патот кон Светскиот мундијал. Токму затоа, многумина очекуваа поголема поддршка за репрезентацијата – но наместо тоа, Арената вечерва остана речиси празна.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

