21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Фудбалската репрезентација на Македонија го дозна својот пат кон можниот историски пласман на Светското првенство, но според статистичките процени – шансите не се на наша страна. Во полуфиналниот бараж Македонија ќе гостува кај силната Данска, ривал кој важи за фаворит во патеката Д. Доколку избраниците на Стефанос Тике успеат да приредат изненадување и да ги елиминираат Данците, во финалето би се соочиле со победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска.
Веднаш по извлекувањето, статистичарите ги пресметаа веројатностите за пласман на Мундијалот. Според нивните анализи, Македонија има најниски шанси да обезбеди мундијалска виза – дури помали и од Северна Ирска.
Во патеката Д, Данска е убедливо прва со 48,6% шанси за пласман. Зад неа следува Чешка со 39,8%, додека Република Ирска има 8,4%. Македонија, според пресметките, се наоѓа на последното место со само 3,2% шанси за настап на светскиот собир.
Во поширокиот круг на репрезентации со минимални шанси за пласман, блиску до Македонија се наоѓаат:
На спротивниот крај од скалата се наоѓа Италија, која според статистиката има најдобри изгледи да биде дел од Светското првенство со импресивни 62,2% веројатност.
Иако прогнозите не се ветувачки за Македонија, фудбалот често знае да понуди изненадувања. Репрезентацијата и во минатото покажала дека може да ги надмине очекувањата, па останува да се види дали и овој пат ќе може да ја испише историјата.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

