08 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот возач Никола Цолов имаше извонреден почеток на својата прва целосна сезона во шампионатот Формула 2, откако триумфираше на Големата награда на Австралија на патеката „Мелбурн Парк“. Со оваа победа, младиот талент веднаш се наметна како еден од главните фаворити во шампионатот.
Цолов стартуваше од петтата позиција, но уште во првите метри успеа да ги претекне својот тимски колега од Кампос, Ноел Леон, како и возачот кој стартуваше од пол-позицијата, Дино Бегановиќ. По силниот почеток, Бугаринот се најде на третото место зад тимските колеги од Родин – Мартиниус Стеншорн и Алекс Дан.
Во почетокот на втората од вкупно 33 круга, со активирањето на DRS системот, дојде до борба меѓу Дан и Стеншорн. Во третата обиколка се случи контакт меѓу двајцата при кочењето за првиот свиок, по што и двајцата мораа да се повлечат од трката. Овој инцидент му овозможи на Цолов да го преземе водството.
По појавата на безбедносното возило, бугарскиот возач успеа успешно да се одбрани од притисокот на шампионот во Формула 3, Рафаел Камара, како и од Бегановиќ. Во 17-тата обиколка, Бегановиќ беше принуден да се повлече поради технички проблем со болидот, што доведе до нова фаза со виртуелно безбедносно возило, а подоцна и вистинско.
Во тој период, возачите Вароне и Шилдс влегоа во бокс. По излегувањето, Вароне се најде пред Цолов и Камара, делумно и поради мало недоразбирање кај бугарскиот возач при сигнализацијата од безбедносното возило.
Сепак, при рестартот на трката во 22-рата обиколка, Цолов изведе одличен напад врз Вароне во кочењето за третиот свиок. Иако Аргентинецот возеше со супермеките гуми, бугарскиот талент успеа да го претекне и веднаш да создаде предност поголема од една секунда. Дополнително, Вароне подоцна доби казна од пет секунди поради пречекорување на дозволената брзина во боксот.
По 33 круга, Никола Цолов ја мина целната линија како победник со предност од 1,6 секунди пред Рафаел Камара, кој заврши втор. Третото место на подиумот му припадна на Лорен ван Хепен.
По оваа трка, Цолов го презеде водството во генералниот пласман со 25 поени, што е седум повеќе од Камара. Ван Хепен има ист број бодови како Бразилецот, но се наоѓа на третата позиција поради тај-брејк правилото.
Следната трка од сезоната треба да се одржи во Бахреин во средината на април, иако постои неизвесност дали викендот ќе се реализира поради воената ситуација на Блискиот Исток. Предвидени се и тридневни тестирања на патеката „Сахир“ меѓу 25 и 27 март. Доколку трките во Бахреин и Саудиска Арабија бидат откажани, следниот круг од шампионатот би се одржал дури на почетокот на јуни во Монако.
Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител
Саше Политико: УДБА е премногу укопана за Заев да го решeше бугарското прашање
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

