19 јануари 2026
• од Тодор Вангелов
Шеснаесетгодишниот Андреев веќе трета година настапува за „армейците“, а претходно седум години се развивал во младинската школа на Славија.
Со формацијата на „црвените“ (генерација 2009), Андреев во месец мај ја освои шампионската титула со ЦСКА, што претставува значаен успех во неговата досегашна кариера.
Кошаркарот е роден во Скопје – родниот град на неговата мајка. Таа била студентка во Софија кога се запознала со неговиот татко, по што семејството го продолжило животот во Бугарија.
„Не сакам да дојде момент кога ќе морам да бирам – дали да играм за Бугарија или за Северна Македонија. Летото бев на камп со македонската репрезентација, но досега не сум бил повикан во младинска селекција на Бугарија“, изјави Андреев, кој отворено зборува за своите амбиции и желбата постојано да напредува во кошарката.
На прашање за чувствителната тема поврзана со односите меѓу Македонија и Бугарија, младиот кошаркар беше искрен:
„Сум учел само во Бугарија. Ја познавам бугарската историја и за мене таа е поверодостојна, иако сум роден во Скопје и мајка ми е Македонка“, додаде талентот на ЦСКА во студиото.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

