14 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Полицијата уапси 43-годишен жител на Скопје, кај кого при претрес била пронајдена кокаин подготвена за продажба.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, синоќа (13.03.2026) околу 21:00 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода лицето Т.Б. (43) од Скопје.
По претходно добиени оперативни информации, полицијата постапила по судска наредба за претрес во неговиот дом, кој се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром. При претресот биле пронајдени две тегли со кокаин, дигитална вага, како и дел од наркотичната супстанца спакувана во мали кесички, подготвена за продажба на мало.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

