13 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во текот на вчерашниот ден, на целата територија на државата, полициските службеници уапсиле вкупно 11 возачи поради прекршување на сообраќајните правила.
Од нив, четири лица – од Прилеп, Велес, Македонска Каменица и Кичево – биле лишени од слобода затоа што управувале моторно возило и покрај тоа што имале активна мерка забрана за управување.
Останатите седум возачи – од Гостивар, Тетово, Кичево, двајца од Скопје и двајца од Струга – биле приведени бидејќи управувале возило без да поседуваат важечка возачка дозвола.
Возилата на сторителите се одземени, а по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите за безбедност на патиштата, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена мерка забрана или доколку се под дејство на алкохол. Само со заедничка одговорност може да се придонесе за побезбеден сообраќај.
Над 4.500 спорни корисници на социјална помош, меѓу нив починати и иселени
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

