TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ: Ако минималната плата се зголеми на 600 евра, можно е дел од работниците да останат без работа

14 март 2026

• од Станча Јаќимовски

Минималната плата во државата треба да се утврди преку договор меѓу работниците и работодавачите, а Владата ќе го поддржи секое решение што ќе произлезе од таков договор. Ова го изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во емисијата „Топ Тема“.

Стојаноски посочи дека Владата веќе ги исполнила своите обврски кон јавниот сектор, нагласувајќи дека најголемиот дел од државната администрација има склучено колективни договори.

„Не сме рекле дека минималната плата треба да порасне согласно законот, туку дека ќе порасне како што ќе се договорат работодавачите и работниците. Сè што ќе се договорат овие две страни ние ќе го поддржиме и ќе го испочитуваме“, изјави Стојаноски.

Според него, најважно е платата што ќе се договори да биде реално исплатлива за компаниите. Тој предупреди дека нагло зголемување на минималната плата може да создаде економски притисоци и негативни последици на пазарот на труд.

Стојаноски потсети дека во минатото имало два случаи кога минималната плата била зголемена со поголем процент, односно за 19 и 20 проценти. Според него, таквите покачувања предизвикале таканаречен „апсорпционен ефект“, при што државата морала одреден период да го амортизира економскиот удар. Во тие случаи, платата во следните две години растела само за околу еден процент, а дел од зголемувањето било субвенционирано од Владата.

Тој нагласи дека барањето за минимална плата од 600 евра претставува зголемување од околу 41 процент, што според него може да предизвика сериозни економски последици.

„Ако платата се зголеми за 41 процент, може да дојдеме до ситуација наместо да им се зголемат примањата на работниците, дел од нив да останат без работа“, рече Стојаноски.

Како можни причини за тоа ги наведе три фактори: компаниите можеби нема да можат финансиски да го издржат таквото зголемување, можно е дополнително зголемување на инфлацијата, а дел од работодавачите би можеле да се префрлат во неформалната економија.

Тој повтори дека Владата ќе го поддржи секој договор што ќе биде постигнат меѓу работодавачите и синдикатите.

Стојаноски истакна и дека е неопходен дијалог меѓу сите засегнати страни, бидејќи барањето за минимална плата од 600 евра се базира на формула креирана во 2022 година, кога инфлацијата била значително повисока отколку денес. На ова се согласи и Трендафилов, кој посочи дека Сојузот на синдикати на Македонија подолг период бара разговори за ова прашање.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

Даночен револт пред УЈП: Студенти и печалбари на нога против „закаснетите“ решенија

МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

СДСМ: Де факто и де јуре – имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски!

МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

„Чистка“ во Македонска пошта: Куртеши ги избрка вработените кои земаа плата, а не одеа на работа

СВЕТ
16 април 2026

Бугарија гради железничка „магистрала“ од Дунав до Егејското Море: Четири рути во игра за клучниот коридор

МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

Сулејмани: Новиот Закон за високо образование е во финална фаза, целта е врвен квалитет

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
16 април 2026

Рама од Самитот на дијаспората: Албанците во Северна Македонија се државотворен народ

СВЕТ
16 април 2026

Бугарија го доби едно од најмодерните складишта за радиоактивен отпад во Европа

ДРУГО
16 април 2026

Денеска 16 април 2026 година го славиме Свети Никита Исповедник: Непоколебливиот заштитник на православието

СВЕТ
15 април 2026

Шведска спречи проруски сајбер-напад врз термоелектрана

СВЕТ
15 април 2026

Европскиот парламент бара зголемување на долгорочниот буџет на ЕУ за 10%

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
15 април 2026

Нова проиранска група презела одговорност за антисемитските напади во Скопје

МАКЕДОНИЈА
15 април 2026

Села: Законот за правична застапеност е измама на ВМРО-ДПМНЕ, ќе поднесеме наш предлог со казни за злоупотребите

МАКЕДОНИЈА
15 април 2026

Али Ахмети: Го одбив планот на Љубчо Георгиевски за поделба на Македонија

СВЕТ
15 април 2026

Бугарскиот туризам во голем подем: Приходите на хотелите растат побрзо од очекуваното

СВЕТ
15 април 2026

Софиското метро пред нов рекорд: Со новата траса ќе превезува над 500.000 патници дневно.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
15 април 2026

Абазовиќ од Тирана: Стекнатите права на Албанците во Македонија можат само да се унапредуваат.

СВЕТ
15 април 2026

Бугарија инвестира 210 милиони евра во врвни технологии: Од „инкубатор“ до глобален технолошки лидер

СВЕТ
15 април 2026

Маѓар бара Орбан да го укине ветото за заемот од 90 милијарди евра за Украина

МАКЕДОНИЈА
15 април 2026

Бугарски пратеник остро за Груевски и антибугарските политики во Северна Македонија

МАКЕДОНИЈА
15 април 2026

СДСМ: Падот на Орбан ја разобличува мрежата на авторитарно влијание – најавена истрага за врските со Мицкоски

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
15 април 2026

Рама: Албанците во Северна Македонија се државотворен народ

ДРУГО
15 април 2026

Дневен хороскоп за 15 април 2026: Што ви носат ѕвездите денес

ВРЕМЕ
15 април 2026

Променливо време со повремени врнежи од дожд – 15 април 2026

МАКЕДОНИЈА
15 април 2026

Ахмети: Албанскиот јазик во Северна Македонија е во опасност, без Албанците нема иднина за државата

МАКЕДОНИЈА
15 април 2026

Левица Делчево: Општината тоне во долг, додека раководството патува на „збратимување“ во Италија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СПОРТ
15 април 2026

Балкански пробив во Формула 1? 'Бугарскиот лав' Никола Цолов во плановите на Ред Бул за 2027

МАКЕДОНИЈА
15 април 2026

Франкфуртер алгемајне: ‘Отпаѓа најважниот сојузник на Мицкоски во ЕУ’ – што значи падот на Орбан

ДРУГО
15 април 2026

Денеска 15 април 2026 година се празнува Светиот преподобен Тит Чудотворец: Столб на верата и пример за смирението

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега