22 мај 2026
• од Темелко Тошев
Сообраќајната несреќа што се случи доцна синоќа на скопската обиколница доби уште потажен епилог. По извршената идентификација, потврдено е дека во страотниот судир животот го загубија возачот Р.В. (51) и тројца млади луѓе на возраст од 20 години, кои биле сопатници во автомобилот „БМВ“.
Според официјалните информации од СВР Скопје, несреќата се случила на 21 мај, точно во 23:00 часот, на потегот помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци.
До несреќата дошло кога товарното возило – влекач „МАН“ со косовски национални ознаки, управувано од 76-годишниот Б.Б. од Косово, ја изгубило контролата. Возилото ја пробило металната заштитна ограда и преминало во спротивната коловозна лента, каде директно се судрило со патничкиот автомобил „БМВ“ со скопски таблички.
Судирот бил толку жесток што во двете возила веднаш избувнал пожар. Огнената стихија целосно ги пепелосала кабината на влекачот и патничкото возило. На терен веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, кои успеале да го изгаснат пожарот, но за жал, за четирите лица во „БМВ-то“ немало спас.
Лекар од Итната медицинска помош на местото на настанот констатирал смрт кај возачот Р.В. (51) и неговите тројца сопатници, А.В., П.М. и М.Ѓ., сите на возраст од 20 години.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени на обдукција, а 76-годишниот возач на камионот е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Надлежните органи работат на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава против возачот.
За време на извршувањето на увидот, сообраќајот на овој потег беше во целосен прекин во периодот од 23:10 до 05:00 часот утрово, при што возилата се пренасочуваа по алтернативни правци. Сообраќајот на обиколницата е целосно нормализиран во 05:00 часот.
Остануваме во очекување на дополнителни детали од истрагата за причините кои доведоа до оваа тешка сообраќајна несреќа.
Шукова до Тошковски: Убиства, дрога и хаос – колку жртви уште треба за оставка?
Нов граничен премин меѓу Бугарија и Србија: Се гради стратешка врска за Северозападот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

