23 мај 2026
• од Темелко Тошев
Македонија е повторно завиткана во црно, соочена со една од најтешките сообраќајни несреќи во поново време. Трагедијата што се случи пред полноќ на скопската обиколница, во која згаснаа животите на четири млади луѓе, меѓу кои и оперскиот пејач Ристе Велков, ги потресе сите граѓани.
Во морето од изливи на тага и сочувство, посебно внимание привлече емотивната и сурова порака на Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“.
Професорката Алексиќ, преку својот Фејсбук профил, испрати порака која на директен и болен начин ја отсликува бесмисленоста на оваа загуба. Таа не ја штедеше јавноста, укажувајќи на фаталните последици од човечката грешка и преценетите можности зад воланот.
„Со еден погрешен рефлекс на преценетата старосна возраст зад волан, пресечени 4 фамилии на половина, живи закопани...“, напиша Алексиќ.
Со овие зборови, таа ја потенцираше трагичната реалност – како еден момент на невнимание или лоша проценка може засекогаш да згасне надежи, соништа и иднини.
Иако лично не ги познавала настраданите, професорката Алексиќ истакна дека болката е универзална и ја чувствува секој еден граѓанин во државата.
Нејзината порака завршува со повик за длабоко сочувство до семејствата на жртвите, додека истовремено остава простор за сериозно преиспитување на нашето секојдневно однесување во сообраќајот и вреднувањето на животот.
„Нека летаат мирно кон ангелите, немирот ни останува на нас, живите...“, заклучува Алексиќ.
Оваа трагедија е уште еден болен потсетник дека на патиштата не смееме да дозволиме преценетост, брзање и погрешни рефлекси да бидат главни актери, бидејќи цената што се плаќа е – ненадоместлива.
Македонската јавност останува во неверување, испраќајќи последни поздрави до младите чии животи згаснаа прерано.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

