TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Неверојатен случај во Битола: Наставник цела година држел часови, без да знае дека е отпуштен од работа

23 мај 2026

• од Темелко Тошев

Наставник по ликовно во Битола цела година одел на работа без да му кажат дека дека добил отказ. Одел на настава до некни кога му ја затвориле вратата. Претходно цела 2025 година досега држел часови, имал пристап до е-дневникот, пишувал оценки, одел на Наставнички совет, се потпишувал за присуство, водел евиденција. Сѐ како што прават и редовно вработените наставници.

Наставникот по ликовно образование Стефан Поповски од Битола цела учебна година одел на работа во подрачно основно училиште во Битолско и без да му се каже дека добил отказ уште лани во јануари, без да знае дека не е на платен список и нема договор за работно ангажирање.

Наставникот ангажиран во три училишта со цел да оформи полн фонд на часови, ниту претпоставувал дека бил тргнат од списокот за исплата на плата од подрачното училиште во Горно Оризари при ООУ „Тодор Ангелевски“ Битола. Во ова училиште одржувал по 4 работи часа неделно (во шесто и осмо одделение), секој ден доаѓал на работа, на настава, се ангажирал не само околу наставата туку и околу  училишните активности, праќал деца на натпревари, на ликовни конкурси, добивал награди, цртал мурали, но за жал не знаел дека е отстанет од платниот список на училиштето и сѐ што му следува по закон за работни односи. Тоа го увидел неодамна и реагирал.

„Веќе два месеци си ја барам правдата, си ги барам одработените пари и стажот, но добивам пораки дека ако ова стигне во јавноста никогаш веќе нема да работам во образование. Вчера крајно бев избркан од работа, дојдоа директорката на ОУ ‘Тодор Ангелевски’ Битола и подрачната директорка и ми забранија влез во училиштето. Правдата ќе ја барам на суд, судот нека одлучи, а не молкот“, вели Поповски во разговор за „Независен“ и доставува документи.

Младиот наставник во 2020 година бил ангажиран во три училишта, „Гоце Делчев“, „Коле Канински“ и „Тодор Ангелевски“. Сѐ било регуларно и со согласности од МОН и општината. Но, како се менувале директори во ОУ „Тодор Ангелевски“ Битола, Стефан бил тргнат од платниот список на наставниот кадар без да биде информиран. Училиштето сега му доставува документ за наводен отказ на кој тој не е потпишан, а за да биде симптоматично на документот нема печат ни од бившата директорка, туку само потпис. Со решение за престанок на работен однос бившата директорка напишала дека Стефан Поповски на работа е ангажиран заклучно до 29 јануари 2025 година и не му се продолжува договорот за работа. Меѓутоа Стефан тврди дека вакво решение лани не добил, сега прв пат го гледа  и затоа нема потпис од него.

За да биде небулозата поголема, Стефан уредно држи часови во училиштето.

„Јас не знаев дека сум добил отказ, напротив продолжувам да држам часови, имам пристап до е-дневникот, пишувам оценки, одам на Наставнички совет се потпишувам за присуство, водам евиденција, сѐ како што прават и редовно вработените наставници. Одам со децата по натпревари, пред два дена со ученичка добивме награда. Откако си ги побарав правата директорката ми забрани пристап до школото. Сега се прашувам на крај на учебна година сме дали оценките што ги напишав на полугодие се валидни или не за децата?“, прашува младиот Стефан во разговор за„Независен“.

Стефан реагира веќе два месеци до надлежните дека нешто не е во ред со неговата плата и стаж.

„Во подрачното ОУ ‘Тодор Ангелевски’ бев ангажиран подолго време и цело време одев на работа. Платата ми се исплаќаше во проценти помеѓу трите училишта каде што бев ангажиран. На почетокот на учебната година зедов извештај од банката дека ми се исплаќани само 16 наставни часа, наместо 20. Утврдив дека од ‘Тодор Ангелевски’ прекинале да ми исплаќаат плата и стаж. Бев кај благајничката и тогаш ме извести дека не постојам на платен список од 29 јануари 2025 кога директор беше Наташа Швигир и новата директорка Гордана Јоначиќ не ми исплаќала плата и ме избришала од списокот на вработени. Јас одговорно тврдам дека одев на работа како и сите други колеги за што имам сведоци“, вели Поповски.

На 28 април испратил барање до училиштето во кое наведува дека од септември 2025 не прима плата за четири наставни часа неделно, иако е ангажиран.

„За сѐ има доказ јас сум пишан во распоред на часови, Годишната програма на училиштето… и затоа писмено побарав да ми се исплатата ретроактивно платите за целиот изминат период, додатоци на плата и да ми се надомести стажот во спротив ќе се докажам на суд“, вели Стефан.

На ова негово барање од ОУ„Тодор Ангелевски“ Битола добил кус одговор на 6 мај овој месец во која се наведува дека училиштето проверило дека на 29 јануари 2025 година е прекинат работниот однос со решение од истиот датум и толку. Во изјавата на училиштето не стои зошто тогаш Стефан бил на распоред на часови, зошто бил во Годишната програма, зошто водел електронски дневник, зошто пишувал оценки?

Стефан Поповски веќе покренува тужба против училиштето, а за неговиот случај е информирано и ОЈО Битола.

Градоначалникот Тони Коњановски вели дека треба работите да се остават да одат според процедурите.

„Внимателно ги следам случувањата со наставникот од ОУ ‘Тодор Ангелевски’ кој преку медиуми информираше за неговиот случај со работното ангажирање. Дадов налог до општинскиот инспектор за образование да ги провери наводите изнесени од страна на наставникот и доколку се утврди дека се точни и вистинити, ќе покренам постапка за разрешување на директорката на училиштето“, рече Коњановски.

За случајот, „Независен“ побара став и од директорката на ОУ „Тодор Ангелевски“. До објавувањето на текстот не добивме повратен одговор.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
23 мај 2026

Молдавската претседателка Санду му честиташе на новиот бугарски премиер Радев: Договорена поблиска соработка и нови инвестиции

СВЕТ
23 мај 2026

Мексико и Европската унија потпишаа значаен договор за слободна трговија

МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

Итна акција по трагедиите: Тошковски најави надградба на „Safe City“, потпишан Меморандум со Фондацијата „Фросина Кулакова“

МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

ДУИ: Србизацијата на институциите е новиот приоритет на коалицијата на Мицкоски и ВЛЕН

МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

Милиони рецепти: Граѓаните во Македонија најмногу се борат со болести на срцето, дијабетес и нервни нарушувања

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

Вознемиреност кај скопјани: Регистриран земјотрес со јачина од 4.1 степен

МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

„Ми починаа двајца другари“: Учениците во средните училишта во Полог изложени на дрога – ситуацијата е надвор од контрола

МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

Митко Георгиев од Струмица: Македонизмот е продукт на српската лабораторија за личен профит

МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

Тензии во Куманово: Собир за поддршка на Вучиќ предизвика политички реакции и обвинувања за надворешно влијание

МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

Владо Камбовски: Правосудниот испит може да се полага на албански

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

Тага што ја пара душата: Професорката Татјана Алексиќ со потресна порака по трагедијата на скопската обиколница

МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

Неприспособена брзина – главна причина за трагедијата кај клучката Мирковци

МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

Денеска ќе биде погребан оперскиот пејач Ристе Велков

СПОРТ
23 мај 2026

„Балисти“ со остар став: „Ние сме Албанци и не прифаќаме понижување, сакаме правда и фер судење!“

МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

ДИРЕКТЕН ДЕМАНТ: Ryanair го побива министерот Николоски – „Условите беа договорени, тој се повлече од договорот“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

Рафајловски: Министерска плата не смее да биде под 10.000 евра

МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

МОЛК ОД ВЛАДАТА: Никој не кажува дали Арбен Фетаи зема плата додека е „на одмор“

МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

Поништена јавната набавка за 150 електрични автобуси: Министерството за транспорт најавува нов повик

МАКЕДОНИЈА
23 мај 2026

Притвор за косовски државјанин по трагедијата кај Скопје: Четири жртви во страотен судар и пожар

ДРУГО
23 мај 2026

Денес 23 мај 2026 година се празнува: Светиот апостол Симон Зилот

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
22 мај 2026

Сервис за возила во Штип фатен во кражба на струја: Електродистрибуција испорача фактура од над 150.000 денари

МАКЕДОНИЈА
22 мај 2026

Инвеститорите во паника? „Ќе молат да ги продадат становите“, предвидува познат твитерџија.

МАКЕДОНИЈА
22 мај 2026

Град Скопје не успеа да го затвори дивиот премин кај Бит-пазар: „Жив ѕид“ на граѓаните ги запре службите

СВЕТ
22 мај 2026

Повлекување од хрватскиот пазар: Мешана салата од Северна Македонија содржи недозволено ниво на пестициди

СВЕТ
22 мај 2026

Голема зделка: Кој е британскиот гигант што ја презема контролата врз Mercedes-Benz во Бугарија?

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
22 мај 2026

Бум во бугарската економија: Странските инвестиции скокнаа за неверојатни 263%

СВЕТ
22 мај 2026

Премиерот Радев се сретна со Дара: Бугарија е подготвена за Евровизија 2027

СВЕТ
22 мај 2026

Радев: Нема потреба од изградба на нови бегалски центрови во Бугарија

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега