05 октомври 2026
• од Гоце Кически
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова ќе имаат можност за билатерална средба во четврток во Софија, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи за БТА.
На 8 октомври во Софија ќе се одржи меѓународна министерска конференција посветена на Коридорот 8, чиј домаќин ќе биде Петрова. На форумот ќе присуствува и Муцунски.
Од бугарското Министерство наведуваат дека во рамките на конференцијата постои можност за билатерална средба меѓу двајцата министри, како дел од редовниот дијалог меѓу Македонија и Бугарија.
Средбата беше актуелизирана и по разговорите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со премиерот Христијан Мицкоски. Таа посочи дека претстојниот форум во Софија може да се искористи за директен разговор со бугарската страна во обид да се придвижи европскиот пат на Македонија.
Мицкоски претходно изјави дека до Софија веднаш била испратена нота со барање за билатерална средба.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

