14 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Само во текот на еден ден до полицијата биле поднесени шест пријави за семејно насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Според информациите од полицијата, тројца од пријавените насилници веќе се лишени од слобода.
Во два од случаите жртви на насилството биле и малолетни деца. Во еден од инцидентите, татко при семејна расправија со сопругата физички ја нападнал својата ќерка со тврд предмет. Во друг случај, мајка била пријавена дека го тепала сопственото дете, а случајот во полиција го пријавил сопругот.
Од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека за дел од настаните веќе се поднесени соодветни пријави, додека за останатите случаи сè уште се води постапка и се собираат дополнителни докази.
Зачестените пријави за семејно насилство и јавните соопштенија од полицијата доаѓаат во период кога јавноста остро реагира поради непостапувањето на институциите во одредени случаи кои завршија трагично, со жртви.
Од МВР информираат дека сè уште се спроведува истрага за да се утврди дали имало пропусти кај нивните службеници во последниот случај во кој жртви беа мајка и дете. Во меѓувреме, продолжува и истрагата за 11 службени лица поврзани со убиството на велешанката Росица и нејзиниот татко.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

