13 септември 2026
• од Темелко Тошев
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) бара итно отворање на истрага за финансирањето на државната прослава по повод 35-годишнината од независноста, инсистирајќи да се следи „трагата на парите“. Од опозициската партија ја обвинуваат Владата за целосна нетранспарентност и расипничко трошење на парите на граѓаните.
Во соопштението до јавноста, од СДСМ потсетуваат дека премиерот Христијан Мицкоски претходно најавувал оти прославата ќе чини „нула денари“, додека партијата сега тврди дека во заднина е потрошена сума од дури 5,5 милиони евра.
„Елитниот арамија Мицкоски ги излажа граѓаните дека прославата на независноста ќе чини 'нула денари'. За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите“, се истакнува во реакцијата од партијата.
Од СДСМ обвинуваат дека Владата намерно ги крие деталите од јавноста и бараат итно објавување на сите склучени договори поврзани со организацијата на настанот. Според нив, во време кога граѓаните се соочуваат со економски предизвици, недозволиво е да се кријат милионски суми потрошени за свечености.
„Бараме веднаш да бидат објавени сите договори. Граѓаните имаат право да знаат каде завршиле нивните пари и кој се офајдил од оваа манипулација“, додаваат од опозицијата.
Реакцијата на СДСМ доаѓа по завршувањето на државната прослава за 8 Септември, која според опозицијата била искористена за луксузирање, наместо за достоинствено одбележување на празникот. Од партијата најавуваат дека нема да отстапат од барањето за целосно расчистување на случајот и лоцирање на одговорноста за потрошените државни средства.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

