11 септември 2026
• од Темелко Тошев
По шокантната сторија на Б2 Канал за наводните „стоп-листи“ и исцрпувачките, долги задржувања на македонските гранични премини, јавноста конечно доби конкретно име! Прв кој се осмели јавно да проговори и да го прекрши молкот е Љупчо Јошески, познатиот бугарски активист и претседател на бугарското здружение „Балкански мост“ од Битола.
Јошески преку јавен коментар не само што ги потврди сомнежите, туку и шокираше со тврдењето дека и самиот, веќе подолг период, е жртва на овие мистериозни листи. Според неговите зборови, тој воопшто не е единствениот – бројот на граѓани кои се соочуваат со истиот проблем е голем, но стравот ги тера да молчат.
„Еве јавно кажувам, јас сум еден од тие што подолг период се на стоп-листа, а ги има многу други, само си ќутат од страв или од нешто друго...“ – напиша Јошески во својот јавен коментар.
Ова јавно сведоштво дополнително ги подгрева сомнежите и отвора низа сериозни прашања кои бараат итни одговори од надлежните институции:
Б2 Канал останува на браникот на вистината. Ние продолжуваме да истражуваме, да ја расветлуваме позадината на овие настани и да ги поставуваме прашањата пред кои сите други молчат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

