14 мај 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати директна и остра реплика до премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по неговата денешна изјава во која ја опиша својата партија како „промакедонска“.
Филипче го искористи јазичниот гаф на Мицкоски за да ја доведе во прашање суштината на идентитетот на владејачката партија, алудирајќи на контроверзите поврзани со бугарските државјанства на дел од нивните функционери.
„Промакедонска? Значи не сте македонска? А да, не сте. Не може македонска партија со бугарски пасоши!“, напиша Филипче во својата реакција.
Оваа реакција доаѓа во период на зголемени тензии меѓу власта и опозицијата на тема патриотизам и евроинтеграции. Додека Мицкоски се обидува да ја позиционира ВМРО-ДПМНЕ како единствен заштитник на националните интереси, Филипче со овој „низок удар“ потсетува на долгогодишните обвинувања дека високи претставници на десницата поседуваат пасоши на земјата која става вето на македонскиот пат кон ЕУ.
Засега од ВМРО-ДПМНЕ нема официјален коментар на оваа провокација, но социјалните мрежи веќе „горат“ од коментари на поддржувачите на двете спротивставени страни.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

