16 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
Позната приватна болничка институција од Турција, со болници и во Северна Македонија и Бугарија, ќе ја разгледа медицинската документација на Ива Михаилова и ќе ѝ овозможи разговор со медицински специјалисти, дознава ВЕСТИМАК.мк.
Според информациите до кои дојде нашата редакција, специјалисти од болничката институција ќе ги анализираат досегашните резултати од испитувањата на Михаилова, вклучително и снимките од магнетна резонанца, компјутерска томографија и рендген, како и останатата медицинска документација.
Целта е да се добие дополнително стручно мислење за сериозноста на повредите на ’рбетниот столб и нервите, како и за можностите за понатамошно лекување и закрепнување. По анализата на документацијата и разговорот со Михаилова, турските специјалисти ќе се вклучат во нејзиното лекување.
Како што претходно објави ВЕСТИМАК.мк, Михаилова веќе петти ден е хоспитализирана во Софија, каде што поминала низ десетици медицински испитувања. Според нашите информации, постојат сомневања за сраснување на пршлените и оштетување на нервите. Таа има силни болки во долниот дел од грбот, вкочанетост и слабост во двете нозе, како и потешкотии при одредени движења.
Разгледувањето на медицинската документација и разговорите со пациентката ќе бидат целосно бесплатни, според информациите на редакцијата.
Се очекува дополнителното стручно мислење да помогне во проценката на можностите за подобрување на нејзината состојба и на тоа дали оштетувањата на нервите можат да бидат реверзибилни.
Засега не се познати деталите за тоа кои специјалисти ќе бидат вклучени, ниту кога ќе заврши анализата на медицинската документација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

