15 октомври 2026
• од Гоце Кически
Шефицата на европската дипломатија Каја Калас ги оцени украинските напади врз руските нафтени рафинерии како легитимен чин на самоодбрана. Таа вели дека приходите од нафтата ја финансираат руската војна против Украина.
„Ако го разгледаме меѓународното право, јасно е дека нападите врз рафинериите се дел од одбраната на Украина, бидејќи од таму доаѓаат средствата за оваа војна, во која секојдневно гинат Украинци“, изјави Калас за Euronews.
Изјавата доаѓа во време на несогласувања околу привременото запирање на нападите врз енергетската инфраструктура. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, откако Украина привремено ги запрела на барање на Вашингтон.
Калас повика притисокот да биде насочен кон Русија, која ја започна инвазијата, а не кон Украина. Таа порача дека Европската Унија ќе продолжи да го поддржува Киев.
Историско чудо: Видението на Пресвета Богородица во Цариград - 14 октомври 2026
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

