TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Ги исполнува ли Златко Перински условите за образование за да биде директор на Фондот за здравство?

01 јули 2026

• од Темелко Тошев

Досегашниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, е изборот на Владата за нов директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Тој доаѓа на местото на Сашо Клековски, кој со новата владина реконструкција застанува на чело на Министерството за здравство. Но, назначувањето на Перински отвори дилеми во јавноста – дали неговиот образовен профил соодветствува со строгите законски услови за оваа клучна позиција во здравствениот систем?

Што вели Законот, а што биографијата на Перински?

Законот за здравствено осигурување е дециден кога станува збор за квалификациите кои мора да ги поседува првиот човек на Фондот. Според член 57 од Законот, директорот мора да има:

  • Најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
  • Високо образование од точно утврдени области: менаџмент, економски науки, финансии, бизнис администрација, менаџмент со јавното здравство, медицински науки или правни науки.

Од друга страна, официјалната биографија на Златко Перински покажува поинаква образовна позадина:

  • Основно високо образование: Дипломирал на Факултетот за физичка култура при УКИМ, со што се стекнал со титулата дипломиран професор и тренер.
  • Постдипломски студии: На Универзитетот за туризам и менаџмент се стекнал со магистерска диплома по менаџмент на човечки ресурси.

Токму оваа комбинација – факултетско образование од областа на спортот и магистратура по човечки ресурси – го наметна прашањето дали е исполнет законскиот услов за раководење со институција која управува со буџетот за здравство на државата.

Владата објаснува: Станува збор за в.д. директор

Во обид да се разјасни оваа правна и административна дилема, се обративме до Владата. Од Илинденска бр. 2 посочуваат дека Перински е назначен како вршител на должност (в.д.) директор, што претставува преодно решение.

„Назначувањето на директор на Фондот за здравствено осигурување е дел од процесот на реконструкција и кадровско екипирање на институциите, кој Владата го спроведува согласно законски надлежности и утврдени процедури, но и подразбира политички процес чиј легитимитет се добива на избори. Станува збор за ново кадровско решение што е законски механизам кој овозможува непречено функционирање на институцијата до завршување на редовната постапка за избор на директор“, се вели во владиниот одговор.

Од Владата додаваат дека во следната фаза ќе биде распишан јавен оглас и ќе биде спроведена целосната законска постапка, поради што сметаат дека прашањата за пријавени кандидати и нивните биографии во овој момент се „неприменливи“. Целта на ова в.д. решение, како што велат, е да се обезбеди континуитет во работата на ФЗО и непречено функционирање на здравствениот систем.

Ветувањата за мерит-систем ставени на тест

Ова назначување доаѓа во специфичен момент. Само минатата недела, Собранието го усвои новиот Закон за високи раководители, закон кој долго се најавуваше како гаранција дека со клучните фондови и агенции ќе раководат најдобрите.

Според најавите за овој Закон, директорите би требало да се бираат на строг конкурс, да бидат најдобро-рангирани и да доаѓаат од редот на вработените во самите институции, воведувајќи вистински мерит-систем. Останува да се види дали најавената „редовна постапка за избор на директор“ на ФЗО ќе биде првиот вистински тест за практичната примена на овие законски ветувања.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
01 јули 2026

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп

МАКЕДОНИЈА
01 јули 2026

Зајкова: Не може граѓаните од странство да имаат поголеми избирачки права од оние кои живеат и придонесуваат тука

МАКЕДОНИЈА
01 јули 2026

Арбен Таравари: Денеска има двеста илјади Македонци имаат бугарски пасош, ако Албанија влезе во ЕУ, секој Албанец ќе бара албански

МАКЕДОНИЈА
01 јули 2026

Обвинение за поткуп од 100.000 евра: Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев оди на суд

МАКЕДОНИЈА
01 јули 2026

Љубчо Георгиевски: Докажани македонски Бугари и соработници на окупаторот биле делегати на АСНОМ

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
01 јули 2026

ПОЛИЦИЈАТА ПОСТАПУВА: Насилничките и момчињата кои го снимаа претепувањето на девојчето во Аеродром повикани на распит

МАКЕДОНИЈА
01 јули 2026

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Поплавени улици и паднати дрвја, Ѓорѓиевски порача дека сите екипи се на терен

МАКЕДОНИЈА
01 јули 2026

Вонредна состојба на Онкологија: Поплавен одделот за радиотерапија, исклучени апаратите и драма со пациентка

МАКЕДОНИЈА
01 јули 2026

ЦУК: Невремето во Скопје предизвика поплави и заглавени возила – најпогодени Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба

МАКЕДОНИЈА
01 јули 2026

Уапсен тетовецот кој беше снимен како фрла вреќи со отпад во реката Пена

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
01 јули 2026

Пловдив во трка за престижната титула „Европска престолнина на спортот“

МАКЕДОНИЈА
01 јули 2026

ДЗС: Во 2025 година регистрирани 911 дивоградби – најмногу се граделе куќи и огради

МАКЕДОНИЈА
01 јули 2026

СКАНДАЛ НА УГД ШТИП: Приведена професорката Тамара Аџиска, барала 300 евра поткуп за преодна оценка

ДРУГО
01 јули 2026

Денеска 1 јули 2026 година се празнуваат Светите маченици Леонтиј, Ипатиј и Теодул

МАКЕДОНИЈА
30 јуни 2026

„Ветени илјадници паркинг места – реализирани нула“: Левица ја обвинува локалната власт во Аеродром

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
30 јуни 2026

Нападнати мајка и малолетен син во Скопје, полицијата трага по сторителот

СВЕТ
30 јуни 2026

Софија со финансиска моќ што вчудовидува: Буџет од 1,5 милијарди евра – повеќе од сите македонски општини заедно

МАКЕДОНИЈА
30 јуни 2026

ДУИ: Од ветување за 31,5%, до институционално исклучување на Албанците. ВРЕДИ ја поништува правичната и соодветна застапеност

МАКЕДОНИЈА
30 јуни 2026

Стевче Јакимовски нема да оди во затвор на 2 јули: Се чека одлука за одложување на казната поради здравствени причини

МАКЕДОНИЈА
30 јуни 2026

Полски турист се опијани и направи скандал во Охрид, заврши зад решетки

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
30 јуни 2026

Скандал на УГД во Штип: Професорка уапсена за примање мито од 300 евра од студент од Турција

МАКЕДОНИЈА
30 јуни 2026

Адеми: Ќе направиме сè што е во наша моќ за да не помине „законот на Каракамишева“

СВЕТ
30 јуни 2026

Владимир Кличко: Ѝ благодарам на Бугарија за муницијата и енергетската поддршка

МАКЕДОНИЈА
30 јуни 2026

ВРЕДИ: Им ставаме крај на казината во близина на училиштата – 500 метри подалеку од нашите деца

МАКЕДОНИЈА
30 јуни 2026

Клековски во Здравство, Перински во ФЗО, Стоилковиќ во Локална самоуправа: Детали за владината реконструкција

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
30 јуни 2026

Нема веќе дивеење: На електричен тротинет само со над 18 години, без сопатник и трезен – Собранието ги донесе законските измени

МАКЕДОНИЈА
30 јуни 2026

На температури до 40 степени, селото Мерово останува без вода за пиење

МАКЕДОНИЈА
30 јуни 2026

СКАНДАЛ ВО СУДОТ: Исчезна телефон со 100.000 евра во криптовалути, на семејството му подметнале лажен уред?

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега