01 јули 2026
• од Темелко Тошев
Силното невреме проследено со обилни врнежи што попладнево го зафати подрачјето на Скопје, остави зад себе поплавени улици, подруми, дворови и магацински простории, како и заглавени возила во критичните точки низ градот.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени бројни пријави од граѓани кои се соочуваат со последиците од невремето. Според досегашните податоци, најголем дел од пријавите доаѓаат од општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба.
Од ЦУК детално ги наведуваат локациите каде состојбата е најсериозна и каде сообраќајот е во прекин:
Од ЦУК посочуваат дека за сите пријавени случаи веднаш се алармирани Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и единиците на локалната самоуправа, кои веќе постапуваат на терен согласно своите надлежности.
Во моментов заседава и Кризниот штаб на Град Скопје, кој ги координира активностите на сите надлежни служби за што побрзо санирање на штетите и нормализирање на состојбата.
Сообраќајно известување: Поради големото количество вода на улиците, кружните текови и подвозниците, сообраќајот низ главниот град се одвива исклучително отежнато, а на одредени локации движењето на возилата е целосно блокирано. Се апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги избегнуваат поплавените рути.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

