30 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Собранието стави крај на сообраќајниот хаос поврзан со „лесните електрични возила“. На денешното продолжение од 106-тата седница, пратениците едногласно ги изгласаа измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои драстично се заоструваат правилата за управување со електрични тротинети.
Измените беа донесени со двојно мнозинство, односно со поддршка од сите 64 присутни пратеници, вклучувајќи ги и потребните 17 гласа „за“ според Бадентеровиот принцип.
Со цел да се заштитат животите на сите учесници во сообраќајот, а следејќи ги препораките на Европската Унија, новите законски одредби носат неколку клучни ограничувања:
Казнената политика за прекршителите е значително заострена. Покрај паричните глоби, Законот сега предвидува и одземање на возилото во следните конкретни случаи:
Иницијативата за регулирање на тротинетите првично ја најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во средината на мај, откако зачестија незгодите во кои страдаа малолетници.
Предлог-измените беа поднесени по скратена постапка од група пратеници од владејачкото мнозинство. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески, при образложувањето на Законот посочи дека статистиката на МВР е загрижувачка.
„Бројките се алармантни – десетици загинати и стотици тешко повредени во сообраќајни незгоди во изминатите две години. Целта не е казнување, туку заштита на животите, особено на младите. Безбедноста нема цена. Повеќе ред на улиците значи помалку несреќи и посигурна иднина за сите учесници во сообраќајот“, истакна Мицески.
Анализите на Министерството за внатрешни работи покажале дека во повеќе од половина од несреќите во кои учествувале електрични тротинети, тие биле управувани од лица на 16 и 17-годишна возраст, што беше и главната причина за целосна забрана за малолетници.
Законодавците оставаат простор за дополнителни измени во иднина, во зависност од анализите и ефектите што овој Закон ќе ги покаже во пракса.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

