24 април 2026
• од Тодор Вангелов
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до лидерот на Прогресивна Бугарија, Румен Радев, по неговата убедлива победа на парламентарните избори во Бугарија.
Во изјава за медиумите, Сиљановска-Давкова откри дека најпрво му испратила порака со честитки, по што следувал и телефонски разговор меѓу двајцата. Таа нагласила дека му посакала успех во понатамошната политичка работа и изразила уверување дека високото мнозинство што го добил претставува силна основа за стабилно управување.
„Му посакав успех, изразив уверување дека штом доби вака високо мнозинство тоа е гаранција за стабилност, дека веројатно бугарските граѓани во него препознаа стабилен елемент на државата и нацијата“, изјави претседателката.
Таа додаде дека ваквиот изборен резултат укажува дека Радев има капацитет релативно лесно да формира влада и да ја реализира својата политичка програма. Според неа, поддршката од гласачите е јасен сигнал за доверба и очекувања за стабилност во земјата.
Разговорот меѓу двајцата лидери, како што посочи Сиљановска-Давкова, поминал во конструктивна атмосфера, со акцент на честитките и желбите за успешен мандат по изборната победа на Радев.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

