23 октомври 2026
• од Гоце Кически
Бугарските државјани што живеат или престојуваат во Северна Македонија во недела, на 25 октомври, ќе можат да гласаат на претседателските избори во Бугарија. Избирачки места ќе бидат отворени во седум градови, објави Канал Б2.
Гласањето ќе се одржи во Амбасадата на Бугарија во Скопје и во Генералниот конзулат во Битола, како и на дополнителни избирачки места во Прилеп, Охрид, Кавадарци, Струмица и Кочани.
Според објавените информации, за гласање во Северна Македонија биле поднесени 265 пријави. Најголем број пријави имало во Прилеп и Струмица.
Точните адреси на избирачките места може да се проверат на официјалната веб-страница на бугарското Министерство за надворешни работи.
СДСМ предупредува на нови поскапувања на струјата и парното од Нова година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

