20 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека резултатите на учениците во Северна Македонија на меѓународното тестирање ПИСА се поразителни. Според неа, во европски рамки само Косово е рангирано зад Северна Македонија, а особено загрижуваат резултатите во читањето и разбирањето на прочитаното.
Во гостување за Радио Лидер, Јаневска рече дека многу ученици умеат да прочитаат реченици, но тешко го разбираат текстот и одговараат на прашања за неговата содржина. Таа наведе дека околу една третина одговараат на едноставните прашања, додека малкумина успеваат да одговорат на посложените.
Како фактори што влијаат врз успехот ги посочи семејната средина, социјалниот статус и образованието на родителите, редовноста на учениците и условите во училниците. Според неа, во училиштата има и проблеми со бучавата, дисциплината и задржувањето на вниманието.
Јаневска оцени дека учениците, родителите и наставниците често не му придаваат доволно значење на тестирањето, бидејќи ПИСА не се оценува. Таа рече дека за подобрување на резултатите се потребни поголема вклученост и соработка меѓу училиштата, наставниците, родителите и учениците.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

