20 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
Околу 12.000 деца во Северна Македонија биле изложени на сексуална експлоатација или злоупотреба преку дигитални технологии во период од една година, покажува истражување на УНИЦЕФ, објавено од Скопје1.мк. Иако повеќето му кажале на некого што им се случило, помалку од еден процент побарале помош преку официјалните механизми за пријавување.
Според истражувањето, најмалку една форма на ваква злоупотреба доживеало секое десетто дете на возраст од 12 до 17 години што користи интернет. Во 78 проценти од случаите сторителите им биле познати на децата, а повеќе од половина од идентификуваните сторители биле полнолетни.
Дополнителна анализа на УНИЦЕФ покажува дека 4,4 проценти од анкетираните деца биле уценувани или им се заканувале за да бидат вклучени во сексуални активности. Кај 4,3 проценти биле создадени сексуализирани фотографии или видеа со вештачка интелигенција на кои биле прикажани тие — повеќе од двојно над просекот во деветте земји опфатени со споредбата.
Срамот, стигмата, недовербата во институциите и недоволната информираност се наведени како пречки за пријавување. УНИЦЕФ повикува на поедноставни постапки, подобра координација меѓу институциите и поголема достапност на психолошка и социјална поддршка. Истражувањето посочува и дека децата изложени на злоупотреба имаат значително поголем ризик од самоповредување и самоубиствени мисли или однесување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

