21 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Фондација Македонија објави фотографии за кои тврди дека се од автомобилот што учествувал во сообраќајната несреќа во која беше повредена Ива Михаилова. Организацијата наведува дека во возилото имало тешки градежни материјали и дека патниците не биле врзани со сигурносни појаси.
Според тврдењата на фондацијата, во автомобилот патувале градежни работници кои оделе кон вила во Берово, поврзана со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Фондацијата тврди и дека брзината, материјалите во кабината и неврзувањето со појаси придонеле за смртта на еден од патниците.
Фондацијата ја обвинува власта во Скопје дека врши притисок врз Михаилова и дека ја третира како виновна за несреќата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

