07 септември 2026
• од Темелко Тошев
Во своето најново обраќање, Боби Илиевски упати остри критики кон актуелниот премиер Христијан Мицкоски, правејќи директна споредба со лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Според Илиевски, разликата помеѓу двајцата е очигледна, при што Филипче е далеку посупериорен во поглед на образованието, менаџерските способности и човечките квалитети.
„Филипче е трипати поедуциран, подобар менаџер, поквалитетен човек од Мицкоски. Толку,“ изјави категорично Илиевски. Тој потенцираше дека лидерот на СДСМ е светски признат стручњак кој ужива голема почит надвор од границите на државата. Според неговите зборови, Филипче е ценет до тој степен што е повикуван од претседатели на сестрински партии во странство, додека на домашен терен тоа не е доволно вреднувано.
Од друга страна, Илиевски директно го доведе во прашање меѓународниот углед и реалното менаџерско искуство на Мицкоски.
„По што е познат Мицкоски надвор од овдека? По што е? Го знае некој, а? Има ли светско признание? Има ли нешто менаџирал ли? Правил ли нешто?“ праша Илиевски, критикувајќи го досегашното портфолио на премиерот.
Во своето излагање, тој го нарече Мицкоски „асистентот на тато“ и иронично се осврна на неговите минати бизнис потфати како единствено искуство.
„И со клиники така менаџирал, со што менаџирал асистентот на тато, кој има менаџерско (искуство). Вика јас на времето правев бизниси со хидроцентрали и толку. Значи премиерот е менаџер, така ги менаџира министрите,“ истакна Илиевски. Тој на крајот постави реторичко прашање за тоа како премиерот воопшто го стекнал своето искуство за да може да управува со државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

