03 март 2026
• од Гоце Кически
Доналд Трамп најави итни мерки за заштита на поморската трговија, особено транспортот на енергија низ Персискиот Залив.
Трамп соопшти дека веднаш наредил на Американската корпорација за развојно финансирање да обезбеди осигурување од политички ризик и финансиски гаранции за сите бродови што превезуваат стока низ регионот. Тој нагласи дека ова ќе важи за сите бродски компании и дека цената ќе биде „многу разумна“.
Според неговата објава, целта е да се заштити финансиската сигурност на трговијата по море, со посебен акцент на енергенсите како нафта и гас, кои се од клучно значење за светската економија.
Претседателот исто така изјави дека, доколку биде потребно, Воената морнарица на САД ќе почне да ги придружува танкерите низ Заливот, што е еден од најважните морски премини за транспорт на нафта во светот. Персискиот Залив се смета за стратешка точка низ која поминува голем дел од глобалната енергетска трговија.
Трамп порача дека, САД ќе обезбедат слободен проток на енергија кон целиот свет. Тој додаде дека економската и воената моќ на САД е најголема.
Американскиот претседател испраќа сигнал дека неговата администрација е подготвена да преземе конкретни мерки за заштита на глобалната трговија и енергетската стабилност.
СДСМ со критики до Владата за руските и кинеските влијанија по говорот на Руте
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

