14 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот писател Георги Господинов продолжува да реди меѓународни успеси. Неговиот најнов роман, „Градинарот и смртта“, ја освои престижната Награда на шпанската критика за најдобра странска книга, потврдија од неговата матична издавачка куќа „Жанет 45“.
Ова е јубилејно, 70-то издание на една од најзначајните литературни награди во Шпанија. Она што ја прави специфична е фактот дека е единствено признание што се доделува за дела на сите четири официјални јазици во Шпанија, а за победникот одлучува жири составено од 21 независен литературен критичар.
За првпат во историјата на оваа награда, бугарски автор е добитник на ова одликување. Со овој успех, Господинов се приклучува на листата на досегашни лауреати меѓу кои се најголемите имиња на современата светска книжевност, како:
Ова признание доаѓа само еден месец откако истиот роман беше прогласен за „Книга на годината“ од страна на независните книжарници во Шпанија. Популарноста на делото кај шпанската публика е огромна, а издавачите најавуваат дека за само неколку дена во продажба ќе биде пуштено и деветтото издание на романот во оваа земја.
„Градинарот и смртта“ е интимна и меланхолична приказна за загубата, меморијата и збогувањето со таткото, тема која очигледно силно резонира кај меѓународната критика и читателската публика.
Господинов, кој веќе е добитник на меѓународната награда „Букер“ за претходниот роман „Временско засолниште“, со овој нов успех уште еднаш ја зацврстува својата позиција како еден од водечките европски автори на денешницата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

