14 април 2026
• од Темелко Тошев
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати јасна порака во врска со правниот статус на поранешниот премиер Никола Груевски. Во изјава за медиумите, Мицкоски децидно потврди дека законите ќе се спроведат без исклучок доколку Груевски стапне на македонско тло.
Според премиерот, прашањето за Груевски не е политичко, туку прашање на извршување на веќе донесени судски одлуки.
„Јас немам никакви очекувања, но доколку Никола Груевски се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда. Органите на редот веднаш ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворската казна,“ изјави Мицкоски.
Тој додаде дека како и секој друг граѓанин, и Груевски има право да ги користи сите расположливи правни механизми и жалби во рамките на институциите, но тоа не ја менува моменталната обврска на државата за спроведување на пресудата.
Ваквиот коментар на Мицкоски доаѓа по изјавите на Петер Маѓар, лидерот на унгарската опозиција и претендент за следен премиер на Унгарија, кој најави дека доколку дојде на власт, ќе покрене процедура за екстрадиција на Груевски назад во Македонија.
Сепак, Мицкоски останува воздржан во однос на прогнозите за тоа дали и кога би се случило вакво сценарио.
Доколку биде екстрадиран или се врати доброволно, Никола Груевски ќе се соочи со повеќегодишна затворска казна. Во моментов:
Потсетуваме, Никола Груевски избега од Македонија во ноември 2018 година и доби политички азил во Будимпешта, по што беа отворени низа прашања за начинот на неговото бегство и пропустите во безбедносните системи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

