20 април 2026
• од Темелко Тошев
Европската Унија е на чекор до активирање на механизмот за запирање на финансиската помош за Србија. Комесарката за проширување, Марта Кос, денеска пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET) и официјално ќе соопшти дека 1,5 милијарди евра наменети за Србија од „Планот за раст“ се ставени на чекање.
Главната кочница за европските пари се контроверзните правосудни реформи во Србија. Кос веќе оцени дека со усвојувањето на овие законски решенија, земјата прави чекор наназад во евроинтеграциите.
Србија не е единствената која е под притисок. Според информациите до кои дојде N1, сите шест земји од Западен Балкан се соочуваат со сериозен ризик да изгубат вкупно 700 милиони евра.
„Времето истекува. Државите мора да сфатат дека реформските обврски не се само формалност, туку услов за пристап до фондовите,“ се очекува да порача Кос пред европратениците.
Денешниот состанок на AFET ќе биде јасен сигнал за лидерите од регионот дека новата методологија на ЕУ – „пари за реформи“ – почнува стриктно да се применува. За Србија, ова е најсериозниот финансиски удар од Брисел досега, кој директно го погодува „Планот за раст“, дизајниран да ги доближи економиите на Балканот до европскиот пазар.
Дали Белград ќе ги повлече спорните закони или ќе ризикува долгорочна финансиска изолација, останува да се види по денешното излагање на комесарката Кос.
Костадинов по изборите: Продолжуваме да се бориме за слободна и независна Бугарија!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

