20 април 2026
• од Гоце Кически
Во општина Ликово вчера се одржа четвртата седница на Генералниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ), на која претседателот Али Ахмети и сопартијците дискутираа за актуелната политичка ситуација во земјата и внатрепартиското реорганизирање.
Главниот акцент на средбата беше ставен на анализата на политичките текови во Македонија, при што од ДУИ изразија длабока загриженост поради, како што велат, „тенденциите за ерозија на Охридскиот мировен договор“.
„Овие постапки можат да имаат сериозни последици по стабилноста на државата. Бараме од иницијаторите и извршителите на овие дејствија да се повлечат и да продолжат со целосно почитување на Рамковниот договор, како единствен пат кон стабилност и полноправно членство во ЕУ“, порачаа од партијата.
На седницата беше истакнато дека актуелната власт спроведува политички притисок врз поранешни градоначалници од редовите на ДУИ, конкретно споменувајќи ги Блерим Беџети и Фатмир Дехари.
Од партијата подвлекоа дека не се против институционална контрола и ревизија, но остро се спротивставуваат на она што го нарекуваат „политички мотивирана и селективна правда“. Според нив, случаите во Сарај и Кичево се пример за насочен притисок врз политичките неистомисленици.
Во рамки на дискусијата за надворешната политика, ДУИ се осврна на влијанието на политичките случувања во Унгарија врз Западен Балкан, но и на кризата на Блискиот Исток. Партијата изрази сериозна загриженост за глобалниот мир, осудувајќи ги идеологиите кои користат воена сила и нуклеарна закана.
Во овој контекст, ДУИ упати јасна поддршка до САД како стратешки партнер, со надеж дека преку дијалог ќе се постигне траен мир и безбедност во кризните региони.
На крајот од состанокот, претседателите на ограноците известија за текот на одржувањето на собранијата во подограноците. Овој процес на реструктуирање се очекува наскоро да финализира со избор на нови, репрезентативни состави во партиските структури на ДУИ.
Костадинов по изборите: Продолжуваме да се бориме за слободна и независна Бугарија!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

