30 август 2026
• од Темелко Тошев
Од СДСМ преку прес-конференција, која ја одржа Кети Штерјова, остри реакции упатија до актуелната Влада и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за директно поттикнување поделби, етнички тензии и за занемарување на европските и демократските вредности во корист на туѓи агенди.
Според партијата, скандалозно и недозволиво е во Владата на Мицкоски да се намират министри кои отворено ги величаат осудените воени злосторници, како што е случајот со Ратко Младиќ. Од СДСМ оценуваат дека ова претставува дел од поширока геополитичка агенда на влијанија и промоција на „српскиот свет“, која се прелева и преку институционални форми на почитување на воени злосторства.
„Одобрувањето или оправдувањето геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства е кривично дело, а за тоа мора да има одговорност,“ истакнаа од опозициската партија, потсетувајќи на конкретни членови од Кривичниот законик:
Од СДСМ поентираа и на одредбите од Уставот (член 20) и Законот за политичките партии (член 4), кои јасно ја дефинираат црвената линија дека дејствувањето на политичките субјекти и нивните раководства не смее да биде насочено кон разгорување на национална, расна или верска омраза.
Во фокусот на критиките се најдоа Иван Стоилковиќ, министер во Владата и претседател на Демократската партија на Србите, како и Далибор Китановиќ, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.
Социјалдемократите упатија директно прашање до Јавното обвинителство и премиерот Мицкоски:
„Што чека Јавното обвинителство? Повик од Мицкоски? Обвинителството мора да постапи за величањето на Ратко Младиќ и да ја утврди кривичната одговорност на Стоилковиќ, неговата партија и Китановиќ. Мицкоски мора да каже дали во неговата Влада има место за функционери кои величаат осудени воени злосторници или ќе преземе политичка одговорност.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

