30 август 2026
• од Темелко Тошев
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) излезе со остри обвинувања и целосна поддршка за барањата на националните телевизии и јавниот сервис, кои алармираа за законски сомнежи и сомнителни начини на влегување на српската медиумска машинерија во земјата.
На прес-конференцијата, портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска, истакна дека мора во целост да се истражат овие случувања и да се утврди одговорност. Според партијата, она што се случува сега е потврда за предупредувањата кои СДСМ ги упатуваше со месеци.
„Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, спроведува операција за медиумски мрак и во Македонија. Српската медиумска машинерија преку Еуроњуз и Ало влегува во земјата на сомнителен начин и со заобиколување на законите“, рече Кузеска.
Таа потсети дека за ова веќе алармираат и националните телевизии и Македонската медиумска асоцијација, кои посочија дека постојат материјални докази за канали кои подолг период работат без домашна дозвола, додека сличен модел сега се подготвува и со „Euronews Македонија“ и влегувањето на „Ало“ групацијата.
Според СДСМ, ова претставува шема за изградба на инфраструктура за политичко, економско и медиумско влијание според концептот на „српски свет“, предупредувајќи дека премиерот Христијан Мицкоски е „извршител на интересите на неговиот ментор“ преку српско-руска агенда која има за цел Македонија да остане надвор од Европската Унија.
„Медиуми. Банки. Осигурување. Капитал. Влијание. Сѐ она на што СДСМ предупредува се случува пред очите на јавноста. АЛТА банка веќе влезе во македонскиот банкарски сектор, а парите од јавните претпријатија и државата се префрлаат таму за да остварат профит за финансирање на медиумите. Граѓаните сами го плаќаат сопственото медиумско труење“, истакнаа од партијата, додавајќи дека се отвора простор и за „АЛТА осигурување“.
Од СДСМгласно порачаа дека кога нема резултати, пари во Буџетот и европска перспектива, на власта ѝ е потребна пропаганда и медиумска контрола за да нема критика, прашања и одговорност. Партијата ги повика слободните медиуми, невладините организации и интелектуалците заедно да се спротивстават на овој процес, нагласувајќи дека ова е прашање кое ја надминува партиската политика и се однесува на опстанокот на слободата на медиумите и демократска Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

