03 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Повеќемесечно семејно насилство ѝ претходело на трагедијата во скопската населба Карпош, во која животот го загубија мајка и нејзината малолетна ќерка. Ова за Слободен печат го изјави нивната сосетка Тања Спировска, која живее во истата зграда каде што се случил трагичниот настан.
Според нејзиното сведоштво, насилството не било изолиран инцидент, туку континуиран проблем што траел со месеци. Таа вели дека како сосед била сведок на чести расправии и вознемирувачки ситуации, поради што повеќепати реагирала и се обраќала до надлежните институции.
„Насилството траеше со месеци, не беше од вчера. Јас одев во полиција и пријавував“, изјави Спировска, посочувајќи дека чувствувала морална обврска да реагира за да спречи ескалација.
Таа тврди дека наместо соодветна реакција, од Полициската станица Карпош во една прилика ѝ било посочено дека може да се соочи со пријава за лажно пријавување кривично дело. Според неа, таквиот однос дополнително ги обесхрабрува граѓаните да пријавуваат насилство и создава чувство на немоќ пред институционалниот систем.
Спировска смета дека трагедијата не е само индивидуален случај, туку показател за поширок општествен проблем. „Ова е пропуст на целото македонско општество и неспособност на институциите да застанат во заштита на жените кои страдаат во насилни врски и бракови“, истакна таа.
Настанот повторно ја отвори јавната дебата за ефикасноста на институциите во превенцијата и санкционирањето на семејното насилство, како и за потребата од навремена и одлучна реакција кога постојат пријави и индиции за загрозена безбедност.
Случајот е под истрага, а јавноста очекува одговори за тоа дали можело да се постапи поинаку и дали трагедијата можела да биде спречена со порана интервенција.
СДСМ со критики до Владата за руските и кинеските влијанија по говорот на Руте
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

