08 септември 2026
• од Темелко Тошев
Шеесетгодишен затвореник е пронајден мртов во Казнено-поправната установа „Идризово“, потврдуваат од полицијата.
Според информациите од СВР Скопје, пријавата за настанот пристигнала на 6 септември 2026 година во 05:00 часот изутрина. Од затворот „Идризово“ пријавиле дека во рамки на нивната установа е пронајдено безживотното тело на осуденикот Д.М. (60) од околината на Неготино, кој издржувал казна во овој затвор.
Лекар од Итната медицинска помош излегол на лице место и констатирал смрт. Според првичните прегледи, на телото на починатиот немало видливи траги на насилство.
По насоки и наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Екипа на СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.
Над 4.500 спорни корисници на социјална помош, меѓу нив починати и иселени
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

