25 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
СДСМ со остра реакција кон министерот Игор Филков, обвинувајќи го дека е дел од, како што наведуваат, „режирано сценарио на криминалната власт“ и од договорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Од партијата велат дека Филков „не треба да се прави како да не е од тука“, посочувајќи дека тој е директно инволвиран во, како што тврдат, координираните активности на власта. Според СДСМ, станува збор за однапред договорено сценарио кое се реализира пред очите на јавноста, а кое се однесува на политички договори и влијание врз правосудниот систем.
Во реакцијата се наведува дека постои контрола врз судството и обвинителството од страна на, како што ја нарекуваат, „тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“. СДСМ обвинува дека се вршат кадровски промени со цел поставување лица блиски до власта на клучни позиции.
Партијата укажува на:
СДСМ посочува дека шефот на обвинителот кој побарал куќен притвор за Артан Груби бил избран на функцијата во Скопското јавно обвинителство пред еден месец. Дополнително, се наведува дека Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во истражниот затвор „Шутка“, по што бил предложен куќен притвор.
Од партијата тврдат дека министерот Игор Филков, како и раководствата на МВР и АНБ, постапуваат во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и дека, според нив, станува збор за „криминална држава“.
Реакцијата на СДСМ доаѓа во услови на засилени политички тензии и меѓупартиски обвинувања за влијание врз правосудниот систем и институциите. Засега нема одговор од посочените функционери на овие наводи.
Бугарија меѓу водечките дестинации за германски инвестиции во Југоисточна Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

