03 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Сопругот на Ивана, Стојанче Јовановски, е задржан во полициска станица под сомнение дека сторил повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и загрозување на сигурноста. Станува збор за сопругот на Ивана, која заедно со својата ќерка Катја го загуби животот по пад од балкон во населбата Тафталиџе.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека Јовановски се сомничи за кривичните дела „наведување на сторување на самоубиство“, „нанесување телесни повреди поврзани со семејно насилство“ и „загрозување на сигурноста“.
Според изјавата на министерот, во тек е прибирање на докази и целосно документирање на сите околности поврзани со случајот. Надлежните институции спроведуваат истражни дејствија, по што ќе биде донесена одлука за понатамошната постапка против осомничениот.
Од Министерството за внатрешни работи засега не соопштуваат дополнителни детали, со цел да не се наруши текот на истрагата. Се очекува по завршување на првичните активности, јавноста да биде информирана за следните чекори во постапката.
СДСМ со критики до Владата за руските и кинеските влијанија по говорот на Руте
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

