15 јануари 2026
• од Гоце Кически
Новото задолжување на државата преку издавање еврообврзница од една милијарда евра не претставува економски успех, туку директен одговор на сериозните проблеми со буџетот и јавните финансии. Ова се наведува во анализа објавена од медиумот INFOMAX.mk.
„Како што најавивме уште во декември дека постои дупка во буџетот од една милијарда евра и дека државата нема пари за функционирање, стигнува уште еден доказ“, пишува Милошевски, додавајќи дека наместо отворено да се признае состојбата, новото задолжување се претставува како успех и „триумф на економијата“.
Во текстот се нагласува дека владините соопштенија и славење на „импресивната“ побарувачка од над четири милијарди евра за десеттата еврообврзница ја прикриваат суштината – дека ова не е приказна за успех, туку за финансиска нужда. Според авторот, зголеменото задолжување носи директни последици за граѓаните: повисоки камати, помал простор за инвестиции во социјални програми, здравство и образование, како и зголемен ризик од криза во услови на раст на глобалните каматни стапки.
Милошевски потсетува дека Министерството за финансии ја истакнува диверзифицираната база на инвеститори од Германија, САД и Велика Британија, како и „конкурентните“ каматни стапки од 3,875 проценти за четиригодишната и 4,750 проценти за осумгодишната транша. Сепак, како што наведува анализата, „под оваа сјајна фасада се крие сурова реалност – задолжувањето е директен одговор на буџетскиот дефицит“.
Во текстот се прави паралела и со заемот од Унгарија од 2024 година во износ од една милијарда евра, кој тогаш беше критикуван како ризичен и политички мотивиран. Според INFOMAX.mk, актуелната состојба потврдува дека предупредувањата за постоење на буџетска дупка не биле „празни зборови“, туку реалност.
„Дефицитот не исчезна, само долговите се префрлени на идните генерации“, заклучува Милошевски, оценувајќи дека е време за одговорна и одржлива фискална политика, наместо за „спинување на долговите како победа“.
СДСМ прашува: Каде ја води Мицкоски Македонија – на иста листа со Сомалија?
Левица: Пратениците повторно испумпале 14,4 милиони денари за патни трошоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

