23 април 2026
• од Темелко Тошев
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, упати остра критика за состојбата со хигиената во главниот град, споделувајќи и лично искуство кое ја отсликува секојдневието на центарци.
Герасимовски беше искрен во својата изјава, потенцирајќи дека проблемот со отпадот веќе влијае на достоинството на граѓаните, но и на децата.
„Срам ми е кога ги носам децата на училиште, кога прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор. Тоа е недозволиво“, изјави тој.
Иако ситуацијата во моментов е критична, градоначалникот изрази надеж дека со најавената поддршка од Владата и набавката на нови возила од страна на Градот Скопје, условите во делот на хигиената конечно ќе почнат да се подобруваат.
Едно од клучните барања кои Герасимовски ги повтори е децентрализацијата, односно префрлањето на ингеренциите за управување со комуналниот отпад од Градот на општините. Тој е дециден дека Општина Центар има капацитет сама да се справува со овој предизвик.
Градоначалникот посочи дека е време за воведување ред и одговорност кај самите граѓани, но и за промена на системот на одлагање смет. Како пример за добро менаџирање го посочи искуството од европските метрополи.
Моделот од Амстердам што Герасимовски го предлага:
Тој заклучи дека наместо само да се префрла вината, потребно е и градоначалниците да покажат поголема меѓусебна соработка и самокритичност за да се најде трајно решение за скопскиот хаос со отпадот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

