23 април 2026
• од Темелко Тошев
Универзитетскиот професор д-р Тони Дескоски преку социјалните мрежи упати остри критики до работата на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), посочувајќи на селективност и неконзистентност во нивното постапување. Повод за неговата реакција се последните случувања на Филозофскиот факултет, но и неговото лично искуство со пријави за неправилности во високото образование.
Дескоски ја демистифицира ситуацијата на Филозофскиот факултет, појаснувајќи дека ДПИ всушност не открил ништо ново, туку само ја потврдил состојбата која самата институција претходно ја евидентирала.
„По серијата дезинформации, конечно излезе на виделина што точно се случило. Всушност, испадна дека Факултетот го утврдил пропустот, па по негово барање ДПИ постапувал и го видел она што веќе и на Факултетот го виделе“, појаснува професорот.
Критиката на Дескоски оди чекор понатаму, потсетувајќи на случај од минатата година кога тој поднел пријава до ДПИ за неправилен состав на комисија за одбрана на докторат. Иако укажувал дека во комисијата недостасуваат стручњаци од соодветната област (Меѓународно јавно право), одговорот од инспекцијата бил фрапантен.
Според Дескоски, инспекторите користеле сомнителни јазични толкувања за да го оправдаат прекршувањето на процедурите:
Професорот Дескоски ја завршува својата реакција со заклучок кој фрла сериозен сомнеж врз објективноста на оваа државна институција, која е клучна за заштита на законитоста во образованието.
„И така, ДПИ понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат“, вели тој, со што уште еднаш го отвора прашањето за професионалноста и политичкото влијание врз инспекциските надзори во академската заедница.
Оваа објава доаѓа во период кога јавноста се почесто реагира на квалитетот на високото образование и начинот на кој се доделуваат највисоките научни звања во државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

