13 мај 2026
• од Темелко Тошев
Граѓаните повеќе од 30 дена постојано го поставуваат истото прашање: Дали документите за екстрадиција на Никола Груевски се испратени или не? Одговорот од страна на власта? Тишина. Молчење. Премолчување.
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за правда, Игор Филков, се прават „неупатени“ пред цел народ. Се однесуваат како да не слушаат, како да не знаат и како екстрадицијата на осуден криминалец да не е нивна надлежност.
Но, вистината е јасна – тие намерно го штитат Никола Груевски.
„Груевски не е обичен бегалец. Тој е жив споменик на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Стравот кај актуелната власт е очигледен: ако Груевски се соочи со правдата, паѓа целата мрежа, а со него паѓа и Мицкоски,“ велат од СДСМ.
Повеќе од еден месец, Владата ја гази правдата, ја понижува државата и ја навредува интелигенцијата на граѓаните. Наместо акција, гледаме само:
СДСМ порачува дека времето за изговори е истечено. Доста е со „правење будали“ на јавноста.
Бараме:
Нема повеќе простор за молчење. Нема повеќе заштита на криминалци на сметка на европската иднина и правната држава.
Правда мора да има, и тоа СЕГА!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

