09 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција остро ја критикуваше актуелната власт, обвинувајќи ја дека е подготвена на сè за да остане на власт, дури и по цена на трајно загрозување на европската иднина на државата.
Според Филипче, владата покажува подготвеност да прифати мигранти кои имаат историја на криминал, лица кои не добиле дозвола за престој во земјите на Европската Унија и кои не можат да бидат депортирани во земјите од каде што потекнуваат.
„Станува збор за луѓе со криминално минато, кои токму поради тоа не добиле азил или престој во земјите на ЕУ. Прифаќањето на вакви лица може трајно да го стопира процесот на европска интеграција“, изјави Филипче.
Тој потсети на договорот постигнат на 18 декември минатата година меѓу земјите-членки на Европската Унија и Европскиот парламент, со кој се овозможува депортација на баратели на азил во таканаречени „безбедни трети земји“.
Според новата спогодба, земјите на ЕУ ќе можат да испраќаат баратели на азил во држави надвор од Унијата кои се сметаат за безбедни, дури и кога тие лица немаат претходна врска со земјата во која се депортираат. Тоа може да се реализира преку билатерални договори или аранжмани меѓу државите.
Претходно, услов за ваква депортација беше постоење на тесна врска со третата земја, како семејни релации или подолг престој во минатото. Со новите правила, барателите на азил можат да бидат испраќани во земји кои никогаш не ги посетиле и со кои немаат културни, семејни или други врски.
Исклучок од ова правило останува за малолетниците без придружба, за кои и понатаму ќе важи условот да постои реална врска со земјата во која би биле депортирани.
Филипче предупреди дека ваквите европски политики не смеат да бидат изговор за непромислени одлуки на домашната власт, кои, како што рече, можат да имаат сериозни безбедносни и политички последици за државата.
14,4 милиони денари за патување: Пратениците се возат на грбот на граѓаните
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

