македонија07 септември 2024 Eвроинтегративниот пат на земјава во фокусот на средбата на Муцунски со Петер Сјарто
Eвроинтегративниот пат на земјава во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Tимчо Муцунски со унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сјарто. Муцунски отпатува во работна посета на Будимпешта на покана на неговиот унгарски колега.
Македонија е подготвена да ги почне преговорите со Европската Унија и на стартот да отвори две поглавја, рече унгарскиот министер Сјарто.
Додаде дека како актуелен претседавач со советот на Европската Унија, Унгарија ќе вложи максимални напори Македонија оваа година да ја одржи првата меѓувладина конференција.