македонија12 септември 2024 МКД: Долно Лисиче остана БЕЗ ЛИНИЈА 33 НА ЈСП ЗАТОА ШТО НЕМА ПАРИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА
Јавното сообраќајно претпријатие пред неколку дена ја исклучиле приградската линијата со број 33 која е единствена што директно го поврзува Долно Лисиче со општина Аеродром. Причина што автобусот кој сообраќа 12 години, а од кој зависи одењето на училиште на многу ученици, а и на граѓани за до нивните работни места е тоа што претпријатието нема пари за да го регистрира овој автобус, а друг за замена нема, објави МКД.
Тројцата возачи кој ја должат оваа линија останаале дома на принуден одмор, спорет порталот, додека средношколците кои учат во СМУГС „Панче Караѓозов“, од СУГС „Марија Кири Склодовска“, во хемиското училиште, а и во СУГС „Владо Тасевски“, кои ја користат оваа линија, бидејќи друг автобус кој сообраќа од Долно Лисиче и минува директно низ Горно Лисиче, па стасува до Центар, нема. Сега се снаоѓаат како знаат и умеат.
Оброзложението од директорот на ЈСП, Драган Кушовски е дека проблемите во претпријатието се решаваат во рамките на можностите.
„Проблемите кои ги имаме се решаваат во рамките на можностите и ресурсите кои ги имаме. Како што сум запознаен има друга линија што може да се користи. Линијата не е укината, но ќе проверам кога најбрзо може да се стави во функција“, вели за МКД директорот Кушовски за овој голем проблем кој ги затекна учениците на почетокот на школската година