македонија13 септември 2024 Зоки Фаци ќе оди на ризична операција на 18 септември во Скопје
Познатиот јутјубер Стефан Лазаров, кој често споделува приватни и емотивни моменти од неговиот живот, неодамна ги израдува своите следбеници со важна информација за својот пријател Зоки Фаци. Во својата најнова објава, Лазаров соопшти дека Зоки конечно ќе оди на операција, која е закажана за 18 септември во клиничката болница „Систина“.
„Можам да ве израдувам дека конечно Зоки ќе оди на операција! Во среда на 18 септември тој ќе се оперира во Систина,“ соопшти Лазаров, но не ја криеше загриженоста за сериозноста на ситуацијата. Имено, му било кажано дека операцијата која го очекува Зоки е прилично ризична и ќе трае неколку часа.
„За жал му е кажано дека го очекува доста ризична операција која ќе трае неколку часа. Зоки, знам каков борец си и знам дека ќе издржиш и победиш. Те сака помалиот брат и те чека да се вратиш на местото каде што ги поминавме најубавите моменти годинава,“ додаде Лазаров, изразувајќи поддршка и надеж за позитивен исход.
Оваа објава ја собра вниманието на многумина, а фановите на Зоки Фаци и Стефан Лазаров го преплавија интернетот со пораки на поддршка и желби за брзо закрепнување.